Зинеди Зидан ги обвини медиумите дека пишуваат само негативни работи за Реал Мадрид, притоа го омаловажуваат успесите на „кралскиот“ клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Уморен сум од вашите приказни дека Реал е лош, најлесно е да се каже дека ништо не е како што треба, а свесни сме дека тоа не е така“, нервозно порача Зидан.
Реал Мадрид во 2017 година освои рекордни пет трофеи, но факт е дека „кралевите“ оваа сезона играат слабо и заостануваат цели 16 бода зад лидерот Барселона.
Меѓутоа, Зидан инсистира дека медиумите се тие кои сакаат да го оцрнат неговиот клуб и да го прикажат во лошо светло.
„Најдобро е да плукате по Реал, бидејќи луѓето едвај чекаат да читаат такви вести. Ние се трудиме да не обрнуваме внимание на такви работи. Сите пишуваат негативно, а јас не гледам во што е проблемот. Ситуацијата е таква каква што е и мораме да гледаме позитивно. Сепак, се уште настапиваме во сите натпреварувања“, заклули Зизу.
Реал Мадрид уште во склоп на 19-то коло во Примера на „Сантиаго Бернабеу“ го пречекува Виљареал.