Tренерот на Реал Мадрид во вчерашното полуфинале во Суперкупот на Шпанија настапи со чудна формација.
Францускиот стратег се одлучи за формација со пет играчи за врска и без крила. Истурен беше само Лука Јовиќ. Оваа формација се покажа како полн погодок бидејќи Реал победи со 3:1 и се пласираше во финалето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред финалето Зидан порача дека за финалето спрема ново изненадување.
„Можев да играм со пет крила, но се одлучив за оваа формација во која Лука Модриќ и Иско имаат клучни улоги како играчи зад напаѓачите. Во оваа формација важно е тие да не вршат притисок на противникот и да ги разигруваат соиграчите. Така на два начини се обидовме да го надиграме противникот и успеавме. За натпреварот против Барселона или Атлетико спремам ново изненадување“, порача Французинот.