Дома Фудбал Зидан за новиот напаѓач: Не ми треба никој!

Зидан за новиот напаѓач: Не ми треба никој!

Сите шпанските медиуми денес пишуваат за кризата во која е влезен Реал Мадрид и дека на Зинедин Зидан му е потребен нов напаѓач.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Медиумите лецитираат со неколку имиња, а најчесто се споменуваат Мауро Икарди од Интер и Хари Кејн од Тотенхем. Сепак, Зидан денес изјави дека не му е потребен нов напаѓач, а ни било каково друго засилување.

„Не ми треба никој и тоа е тоа. Не сакам никого, бидејќи јас и стручниот штаб веруваме во својот тим. Има уште многу пред нас, ќе видиме што ќе се случи на крајот на сезоната. Тогаш ќе направиме анализа и ако треба да има промени, ќе ги направиме тогаш“, јасен беше Зидан, кој потврди дека имал сериозен состанок со играчите.

„Нема да ви кажам за што разговаравме, такви разговори се случуваат во сите екипи. Можете тоа да го анализирате како сакате, дека има криза или било што. Ние само бараме начин да бидеме подобри“, додаде Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…