Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изградил одлични односи со првата ѕвезда Кристиано Роналдо, открива „Екип“.
Весникот открива дека на стартот на подготовките во 2016 година, кога Роналдо ја лекуваше повредата здобиена на Европското првенство, Зизу имал разговор со Португалецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ако ме слушаш, ако се согласуваш да одмараш од време на време и да пропушташ некои натпревари, ако ми веруваш, јас ќе успеам да ти ја продолжам кариерата за неколку години“, му рекол Французинот на Роналдо.
Тогаш Кристиано имаше 31 година, а статистиката покажа дека Зидан правило го советувал. Освојувачот на „Златна топка“ покажа одлична форма во крајот наминатата сезона, кога постигна 16 гола на последните 10 меча.
Во моментов Роналдо ја има истата тенденција. После слабото отварање на сезоната, на последните 11 меча постигна 21 гол.
.@Cristiano is the WhoScored La Liga Player of the Month for March after scoring 8 goals in 3 matches @realmadriden ??? pic.twitter.com/Xz2id6vuaz
— WhoScored.com (@WhoScored) April 2, 2018