Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека фановите на „кралскиот“ клуб се многу побројни од анти-фановите и дека е среќен што е дел од таков клуб.
Во последните неколку дена Реал Мадрид е жестоко критикуван за помош од судиите, но според Зидан тоа се само луѓе кои љубоморат на нивните успеси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Секогаш имало антимадридисти, меѓутоа фановите на овој клуб секој ден ги има повеќе и повеќе. Ова е најголемиот клуб во светот и ги има најдобрите фанови. Секој ден не има се повеќе. Поради тоа јас гледам повеќе позитивно отколку негативно“, истакна Зидан.
„Сега е различно со социјалните мрежи. Пред 10-15 години вакви нешта не се случуваа, но сега се случуваат. За мене е важно секој ден да се појавуваат нови фанови на овој клуб ширум светот“, додаде Зизу.