Дома Топ вести „Земјотрес“ во фудбалска Европа: Реал и ПСЖ спремаат трампа!

„Земјотрес“ во фудбалска Европа: Реал и ПСЖ спремаат трампа!

После летниот преоден рок кој го одбележаа бројни големи трансфери, медиумите шпекулираат дека и во текот на јануарскиот преоден рок ќе биде многу возбудливо.

Шпанските медиуми најавуваат дека во јануари би можела да се случи голема размена помеѓу мадридски Реал и ПСЖ, а главен актер треба да биде Маркињос.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Диарио Гол“ тврди дека „кралевите“ се спремни да платат 80 милиони евра за ѕвездата на „светците“. Доколку навистина се реализира овој трансфер тогаш Маркињос ќе стане најскапиот дефанзивец на сите времиња.

Некои медиуми пак шпекулираат дека ПСЖ за возврат го бара Карим Бензема, плус одредена сума на пари.

Во Париз сметаат дека Бензема ќе биде иделана замена за Кавани, кој не е во добри односи со Нејмар и би можел на лето да го напушти клубот.

Нешто големо се спрема на релација Мадрид – Париз…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лазаров објави список од 36 ракометари за натпреварите со Фарски Острови

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот сп…