Тешкиот земјотрес кој ја погоди Турција денес се одрази и на преговорите помеѓу Галатсарај и Рома за трансфер на Заниоло.
Рома и Галатасарај се во финални преговори за Николо Заниоло, а турскиот гигант веќе ги договорил личните услови со играчот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Заниоло одби да го продолжи договорот со Рома, а потоа не сакаше да ја прифати понудата од премиерлигашот Бормут, но му кажал „да“ на Галатасарај.
Утрово двата клуба требало да ги договорат последните детали од трансферот, кој треба да изнесува 22 милиони евра со бонуси. Меѓутоа, поради земјотресеот преговорите се одложени за утре.
Клубот закажал и медицински прегледи, па се чека залено светло од Рома и тоа треба да пристигне утре.