Во фудбалскиот свет со нетрпение се исчекува јануарскиот преоден рок во кој би можеле да видиме неколку посебно интересни трансфери.
Европските гиганти веќе ги разгледуваат опциите за преодниот рок, а многу клубови ќе го искористат да направат промени во играчкиот кадар. Шпанските медиуми наведуваат дека во Барселона одлучиле кого да продадат за да направат место во екипата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Каталонски „Спорт“ пишува дека Мунир Ел Хадади одбил да го продолжи договорот и тој сигурно ќе го напушти „Ноу Камп“ во јануари за на лето да не замине како слободен играч без оштета.
https://www.youtube.com/watch?v=zJxriG6zde4
Покрај него место во Барселона повеќе нема изгледа за Денис Суарез кој едноставно се „изгуби“. Суарез и во текот на летото имаше неколку понуди, но одлучи да остане верувајќи дека ќе добие поголема минутажата. Сепак, тоа не се случи и наводно е ставен на трансфер листата.