Дома Топ вести За него „лудува“ цела Европа, но Барса го „пикира“ прва

За него „лудува“ цела Европа, но Барса го „пикира“ прва

Барселона минатото лето остана без Нејмар, а може да се каже дека беше и релативно неуспешен преоден рок бидејќи не успеа да ја донесе најголемата желба, Филипе Кутињо.

Сепак, офанзивниот играч за врска на Лион, Набил Фекир би можел да биде идеално засилување за Каталонците.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој фудбалер во 2015 година беше прогласен за најдобриот млад фудбалер во француската Лига 1, но дури оваа година доживеа компетна афирмација.

Со одличните партии во дресот на Лион го привлече вниманието на најголемите европски гиганти, но се чини дека одамна е на радарот на Барселона. Шпанските медиуми пренесуваат дека Каталонците веќе одлучиле да се обидат да го реализираат трансферот.

„Марка“ пренсува дека минатата недела спортскиот директор на Барса, Роберт Фернандез бил во Лион за во живо да го гледа Фекир против во мечот против Евертон.

Цената на Фекир секој ден вртоглаво расте, па сигурно дека Барса ќе треба добро да го одврзи кесето. Останува само да видиме дали Каталонците ќе испратат понуда уште во јануари, или ќе го чекаат летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола не се опушта: Тоа што му се случи на Ливерпул, може да ни се случи и нас

По убедливата победа на Манчестер Сити над Брајтон тимот на Пеп Гвардиола е уште еден чеко…