Дома Трансфер зона За него во Минхен нема место: Баерн има понуда за ПСЖ

За него во Минхен нема место: Баерн има понуда за ПСЖ

sanhez

Французите засега не се изјасниле.

Минатата сезона помина вкупно 865 минути на теренот, пред тоа 903…За играч на негови години би се кажало „има време“, посебно бидејќи пред десет дена Ренато Санчез го прослави својот 21 роденден. Единствен „проблем“ е што пред набројаните сезони беше еден од главните играчи на Португалија во патот кон европското злато и добитник на наградата на „Тутспорт“, „Златно момче“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од тогаш го нема никаде. Една сезона помина на клупата на Баерн, втората беше изгубен во Свонси, па се врати на „Алијанц Арената“. Нико Ковач не смета не него и сигурно дека покрај Тиаго Алкантара, Корентин Толисо и Хави Мартинез, на позиацијата играчи за врска, па и Леон Горецка тешко дека ќе добие минутажа.

На сето тоа и е добро платен, па управата на Баерн сака да се ослободи од него. Сега е понуден на ПСЖ, сметајќи дека Томас Тухел сака млади и играчи и дека би се обидел да го разбуди оној Санчез кој го носеше дресот на Бенфика.

ПСЖ е во потрага по играч за врска, на понудата од Минхен се уште не одговориле, а рок имаат уште три дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…