Taлентираните фудбалери не ги исполнуваат секогаш очекувањата кои јавноста и тренерите ги имаат од нив. Некои успеваат, додека голем број завршуваат во пониските рангови.
Eден таков пример е Гаи Асулин, Израелецот кој Пеп Гвардиола своевремено го нарече новиот Меси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гвардиола го промовираше Асулин во првиот тим и му даде шанса во Кралскиот куп, потоа следуваше и повик во сениорската репрезентација на Израел. Со само 16 години стана најмладиот дебитант во историјата на оваа репрезентација.
Меѓутоа сериозната повреда и падот на самодовербата му ја искомплицираа ситуацијата во Барселона. Следуваше потоа трансфер во Манчестер Сити во 2010 година.
Сепак, ниту во помеѓу „граѓаните“ не се врати на старите патеки. Потоа се врати во Шпанија каде што играше за екипи од пониски рангови, следуваа негови епизоди во Израел, Казахстан и Романија.
Сега како 29 годишник Асулин потпиша за тимот Крема кој се натпреварува во италијанската Серија Д.