Минатиот месец репрезентативецот на Македонија Ѓоко Зајков потпиша договор со украинска Ворскла на две ипол години. Во овој момент Зајков е во Полтава каде што се подготвува за првиот натпревар со новиот тим, иако Украина е пред војна со Русија.
Во изјава „Телма“ Зајков кажа дека градот функционира нормално и не владее паника.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Го слушнав апелот на Министерството за надворшени работи, но по разговорот со админстрацијата на тимот бевме убедени дека ситуацијата не е толку сериозна и нема простор за паника. Доколку нешто се промени, ќе нè известат нас, а дотогаш треба да ги следиме инструкциите од клубот. Засега не планирам да се враќам во Македнија, ситуацијата е смирена. Украинците велат дека оваа ситуација во Донбас трае веќе осум години и секоја година се случуваат истите тензии. Луѓето си функционираат нормално, отворено е сè, нема ништо необично“, изјави Зајков.
Според очекувањата Зајков ќе дебитира за Ворскла на 27. февруари.
ЦЕЛИОТ РАЗГОВОР НА ЗАЈКОВ