Репрезентативецот на Македонија Ѓоко Зајков експресно најде нов клуб откако го раскина договорот со Левски. Зајков потпиша за украинскиот тим Ворскла Полтава.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интересно е што Зајков е третиот Македонец кој ќе игра за овој клуб. Тука од 2008 до 2010 настапуваше Филип Деспотовски, а во сезоната 2013/2014 Адис Јаховиќ. Со Ворскла Зајков потпиша договор на две ипол години.
„Ќе се обидам да помогнам во остварувањето на целите и ќе бидам среќен ако успеам во тоа. Верувам дека можам да помогнам со моето искуство и квалитет“, изјави Зајков.