Maкедонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра одличен натпревар во дресот на Уникс Казан против Партизан.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На првиот голем настап Димитријевиќ ги освои симпатиите на навивачите на клубот, но и на луѓето во една од најсилните кошаркарски лиги во регионот, ВТБ лигата.




Уникс Казан вчера го освои 3-тото место во ВТБ Суперкупот откако во малото финале го победи белградски Партизан со 83:77. Димитријевиќ натпреварот го заврши со фантастични 30 поени, па затоа сосема заслужено и беше прогласен за играч на мечот од ВТБ.




Големото задоволство од одлично одиграниот натпревар не го криеше и Димитријевиќ кој по натпреварот откри дека му се исполнил сонот да го запознае Обрадовиќ.




„Нема што да кријам, од мали нозе сум за Партизан. Мојот дедо навиваше за Партизан, исто и мојот татко, поради што ова беше специјален меч за мене. Запознавањето со Жељко (Обрадовиќ) беше остварување на детскиот сон за мене.




Има разлика во лигите во Шпанија и Русија, но фокусиран сум на напредокот, личниот и тимскиот. Очекувам да бидам лидер, сакам да покажам дека можам да помогнам на теренот“, изјави популарниот Нено.



