Фудбалерот на Тотенхем, Тангу Ндомбеле пристигна на комплетирање на трансферот во редовите на Наполи.




Ндомбеле во клубот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас пристигнува на едногодишна позајмица. Прво за Ндомбеле следат медицинските прегледи после што ќе стави потпис на договорот.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Со Наполи Ндомбеле ќе има договор до јуни 2023 година, а ако клубот сака да го задржи и да го откупи неговиот договор ќе треба да плати 30 милиони евра.




Наполи претходно во текот на денот го потврди трансферот на Џовани Симеоне од Верона, а по Ндомбеле се очекува да пристигне и Распадори.