Денес од 21:00 часот ПСЖ ќе ја започне одбраната на титулата во француското првенство, а овој натпревар може да биде и почеток на една нова ера во Париз.
Летово од ПСЖ си замина Лионел Меси, додека наскоро клубот може да се раздели и со останатите двајца фудбалери од големото трио. Ситуацијата со Мбапе е веќе добро позната, Французинот е надвор од тимот затоа што не сака да го продолжи договорот кој му истекува наредното лето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Дури и да не замине Мбапе, повеќе нема да заигра за ПСЖ ако нешто не се промени. Во последниот период се погласни и се и најавите за заминување на Нејмар.
Бразилецот играше на пријателските натпревари пред новата сезона, но не е во комбинација за настап за првиот натпревар во сезоната. Причината за отсуството е што со клубот бара заедничко решение за заминување.
Слична е ситуацијата и со Марко Верати кој изрази желба за трансфер во Саудиска Арабија. Италијанецот е во тимот, но француските медиуми пишуваат дека нема да настапи.
Ќе потсетиме, утрово ПСЖ го официјализираше трансферот на Осман Дембеле.