Мино Раиола секако важи за еден од најдобрите и најпознатите фудбалски менаџери во светот, иако го следат многу контроверзи во неговата кариера.
Раиола застапува голем број на светски познати фудбалери, преку кои со години наназад си обезбедува за себе феноменална провизија при нивните трансфери.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради тоа многу млади фудбалери во Европа сакаат да соработуваат токму со Раиола, кој може да му обезбеди добар трансфер и одлична плата. Сепак, постојат и такви кои одбиваат да работат со овој познат менаџер.
Имено, новата ѕвезда на Рома и италијанскиот фудбал, Николо Заниоло ја отфрлил можноста да го застапува Мино Раиола, пренесува „Газета дело Спорт“.
Весникот открива дека менаџерската агенција на Раиола стапила во контакт со 19-годишниот фудбалер, кој оваа сезона буквално „експлодира“ во дресот на Рома.
Тинејџерот ова лето се пресели во Рома како дел од трансферот на Раџа Наинголан во Интер и уште во првата сезона на „Олимпико“ покажа дека се работи за еден од најголемите таленти во Европа.
„Вистина е дека не контактираше Раиола, но ќе продолжиме да работиме со Клаудио Вигорели. Николо наскоро ќе потпише нов договор со Рома. Сега следува градското дерби, па реваншот со Портоа, потоа ќе седнеме да го дефинираме договорот. За Заниоло тимот е на прво место“, изјави таткото на Заниоло, Игор инаку поранешен фудбалер.
Јувентус сака да го „украде“ овој „бисер“ од Рома и сигурно дека полесно ќе дојде до трансфер доколку негов менаџер е Мино Раиола, но младиот фудбалер сака да остане на „Олимпико“ и е задоволен од работата на својот менаџер.
Zaniolo nemet mondot a Juvera és Raiolára. https://t.co/zOOmF8kuuu pic.twitter.com/nQV43fEAjL
— Keresztlabda.hu (@keresztabda) February 25, 2019