Дома Топ вести Закажан нов состанок помеѓу Меси и Куман – овој треба да биде поуспешен од претходниот

Закажан нов состанок помеѓу Меси и Куман – овој треба да биде поуспешен од претходниот

Лионел Меси на крајот беше принуден да остане во Барселона, клубот не дозволи да го раскине договорот, а ниту еден клуб сигурно не можеше да плати 700 милиони евра.

Како што Аргентинецот самиот кажа, имал желба да замине, но не сакал целата работа да заврши на суд, па затоа ќе остане до крајот на новата сезона кога му истекува договорот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Она што сега е најважно е Меси да се договори и да оствари нормален однос со Роналд Куман откако претходно имаа еден состанок кој не беше успешен. Новиот состанок помеѓу Меси и Куман е закажан за во понеделник во 17:30 часот.

Сега кога јасно дека останува Куман ќе се обиде да го охрабри, мотивира и да му покаже дека има целосна доверба во него. На претходниот состанок Куман потенцирал дека него ќе му биде важна исклучиво тимската игра.

Куман исто така сака да знае што е во главата на Меси и како тој размислува во овие моменти. Ќе побара од Аргентинецот и целосен фокус на она што носи промени во смисла на новите тренинзи, нови правила и некои нови рутини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…