Лионел Меси се бори за нова титула на Копа Америка со Аргентина, додека Ламине Јамал игра одлично со шпанската репрезентација за време на Еврoпското првенство во Германија, а во овој период во центарот на вниманието се најде и една нивна фотографија од минатото.
На познатата фотографија се наоѓа Меси со тогаш четиримесечниот Јамал. Меси во тоа време веќе почнуваше да блеска на големата сцена и играше на Мундијалот во 2006 година, додека во Барселона го носеше дресот на првиот тим.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фотографијата е направена во 2007 година за хуманитарна кампања на каталонскиот весник „Спорт“.
Многумина оваа фотографија ја окарактеризираа како една од најдобрите во историјата на Барселона, а некои на шега коментираа дека Меси ги „пренел своите моќ“ на момчето кое денес е еден од најталентираните фудбалери во светот.
Фотографијата е направена како дел од соработката на „Спорт“ со Барселона и УНИЦЕФ за дизајнирање на хуманитарен календар во кој се вклучени играчите на клубот. Идејата била да се направат фотографии со фудбалерите и мали бебиња.
Така настанала и фотографијата кој сигурно е една од најголемите случајности бидејќи УНИЦЕФ неколку месеци ги избираше децата во Каталонија кои ќе бидат дел од програмата. На крајот била договорена и лотарија помеѓу избраните кандидати.
Исто така не можело да се знае кој играч со кое дете ќе се фотографира и се звучи толку неверојатно како однапред да било запишано во ѕвездите.