Голден Стејт Вориорс стигнаа на чекор од НБА прстенот откако во изминатата ноќ на домашен терен славеа против Бостон Селтикс со 104:94 и водат во финалето со 3:2.
Домаќините успеаа да дојдат до победата и покрај тоа што за првпат во плеј-офот Стеф Кари не погоди ниту една тројка, така ја прекина низата од 132 натпревари со најмалку една тројка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ендрју Вигинс беше најзаслужниот за триумфот на Вориорси со 26 постигнати поени, 12 скока, 2 асистенции и една украдена топка. Клеј Томпсон постигна 21 поени, а Кари 16 поени 3 скока и 8 асистенции.
После првите две четвртини на паузата Бостон имаше негатива од 12 разлика, меѓутоа во третиот период постигна дури 35 поени и направи пресврт. Вориорси во самата завршницата на третата четвртина со тројката Пул го вратија водството. Последната четвртина донесе одлична игра во одбраната на Вориорси со што ја обезбедија победата.
Џејсон Татум со 27 поени 10 скока и 4 асистенции беше најрасположениот кај Бостон, додека Маркус Смарт уфрли 20 поени, 3 скока и 2 асистенции.
На шестиот натпревар кој може да биде последен ако Голден Стејт слави се игра кај Бостон на 17. јуни.