Дома Трансфер зона „Заборавете на Меси! Овој човек ќе биде трансферот на летото“

„Заборавете на Меси! Овој човек ќе биде трансферот на летото“

Toтенхем вчера објави дека за 40 милиони евра оштета го доведе Џејмс Медисон од Лестер.

Медисон по пет години на „Кинг Пауер“ си замина откако тимот не успеа да го задржи прволигашкиот статус. Тотенхем за Медисон е петти клуб во кариерата. Пред Лестер играше уште за Ковентри, Абердин и Норвич.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одигра Медисон уште една добра сезона со 10 постигнати голови и девет асистенции во првенството, а поради испаѓањето на Лестер во понизок ранг, Тотенхем го доби за пониска сума и платија 40 милиони евра.

Овој трансфер посебно го пофали англиски „Goal“ кој објави:

„Заборавете на Меси! Овој човек ќе биде трансферот на летото“.

Во текстот се наведува и дека трансферот на Медисон не е подобар само од оној на Меси, туку од оној на Џуд Белингам кој премина во Реал Мадрид.

„Дури и кога ќе се земе во предвид дека Медисон имаше само уште една година од договорот, Тотенхем заврши одлична работа. Посебно ако се земе предвид колку ќе плати Манчестер Јунајтед веројатно ќе плати за Мејсон Маунт кој игра на истата позиција“, наведува „Goal“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…