Дома Фудбал Англија Роџерс за понудата на Њукасл: Тие пари се доволни само за дел од неговата лева нога

Роџерс за понудата на Њукасл: Тие пари се доволни само за дел од неговата лева нога

Фудбалерот на Лестер Џејмс Медисон е на мета на Њукасл и клубот од „Сент Џејмс Парк“ испрати понуда од 40 милиони евра за неговите услуги.

Сепак, таа сума нема да биде доволна за Лестер да се одлучи да го пушти одличниот фудбалерот. Тренерот на „лисиците“, Брендан Роџерс со изјава дека таа сума е доволна само за дел од неговата јасно порача што мисли за таа понуда.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Нема да има ништо од тој трансфер. Медисон е наш играч. Не ги одредувам цените на фудбалерите јас, но верувам дека понудената сума е доволна за три четвртини од неговата лева нога“, изјави Роџерс.

Во редовите на Лестер Медисон пристигна во 2018 година и од тогаш стана еден од најважните играчи на тимот. На 171 натпревар за „лисиците“ постигна 45 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …