Дома Фудбал Забавате може да започне, онлајн Панини албум – разменување, купување сликички, награди…

Забавате може да започне, онлајн Панини албум – разменување, купување сликички, награди…

Ниту собирањето на сликички за Светското првенство повеќе не е како години наназад.

Љубителите на ваквата занимација добиваат нова модерна опција – онлајн пополнување на Панини албумот кој денес ФИФА го промовираше и на својот официјален сајт.

Потребно е само да се најавите под посакуваното име и пред вас веднаш ќе се најде комплетниот албум.

Можете да го прелистувате, а на располагање секој ден ќе имате две бесплатни кесички.

Ако сакате да отворите повеќе кесички дневно ќе ви бидат достапни дигитални кодови кои можете да ги купите.

Секако, дупликатите ќе можете да ги разменувате, а она што посебно ќе ги израдува сите љубители на ваквиот вид на забава е што оние кои ќе го пополнат албумот до 31 август можат да сметаат и на награди.

Линк до Панини албумот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем повторно го мерка Гуири, но прво мора да ослободи место во нападот

Амин Гуири останува опција за Тотенхем во јануари, но евентуалното заминување на Ришарлисо…