Mладиот офанзивец на Реал Мадрид воедно е и еден од најдобрите Бразилци на својата позиција, а сега тој се налути затоа што го немало во албумот на Панини за Светското првенство.
Како што е познато во албумот нема место за сите и се прави пред бидат познати составите, место има само за 18 играчи, а Родриго не бил еден од нив.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Кога сте во Реал Мадрид шансите да играте на Светско првенство се поголеми. Знам дека морам уште да работам, но не кријам дека сум фрустриран што ме нема во албумот. Според мене морам да бидам таму, не знам зошто не е така“, изјави Родриго.
Светското првенство започнува на 20. ноември, па набрзо треба да бидат познати и составите на репрезентациите.