Напаѓачот на Атлетико Мадрид и репрезентацијата на Португалија, Жоао Феликс наскоро би можел да се пресели во Англија.
Неколку клубови се во игра за потписот на Португалецот кој би можел да пристигне на позајмица од шест месеци, Арсенал е сериозен и медиумите најавуваат дека трансферот е се поблиску до реализација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Островските медиуми утрово пренесуваат дека Јунајтед кој исто така беше во игра не сака да плати 15 милиони евра колку што бара Атлетико за да го пушти на позајмица.
Од друга страна, фудбалерот на Арсенал и поранешен член на Атлетико Мадрид, Томас Парти го убедил да се пресели во редовите на лидерот во Премиер лигата.
Во Лондон веруваат дека зборовите на Парти би можеле да бидат клучни во одлуката на Феликс.
Условот на Феликс е да добие шест милиони евра преку платите за тие шест месеци. Нема сомневање дека ако Арсенал успее да го доведе Феликс ќе биде поблиску до освојувањето на титулата шампион на Англија.