Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ждребот за Мундијалот! – Се што треба да знаете!

Ждребот за Мундијалот! – Се што треба да знаете!

Ждребот е блиску наскоро патниците во Русија кои наредното лето ќе настапат на Мундијалот ќе ги добијат своите групи.

Светското првенство во Русија започнува на 14 јуни, а сите натпреварувачки групи ќе ги дознаеме во петок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тогаш на програмата е ждребот кој ќе се одржи во Крмљ во Москва. Ждребот започнува во 16:00 часот по средноевропско време.

Главен водител на овој спортски настан ќе биде Гери Линкер заедно со Марија Команда, позната руска ТВ водителка. Посебно е интересен изборот на Линкер кој неодамна јавно ја критикуваше ФИФА поради начинот на работење во претходните години.

Прв дел на ждребката

1.Шешир

Русија, Германија, Бразил, Португалија, Белгија, Полска, Франција

Во првиот шешир, Русија ќе биде во црвеното топче и ќе биде извлечена прва. Нејзината позиција ќе биде А1, значи сигурно ќе биде во групата А. После извлекувањето на Русија, останатите седум репрезентации кои се првиот шешир ќе бидат извлечени и така ќе заврши првиот дел од ждребот.

Втор дел од ждребот

2. Шешир

Шпанија, Швајцарија, Англија, Колумбија, Мексико, Уругвај, Хрватска, Перу

Тука ќе се оди по редослед, освен тоа што се јавуваат и првите ограничувања. Уругвај и Перу не можат да бидат во група со Бразил и Аргентина, бидејќи важи правилото дека не можат две репрезентации од ист континент да бидат во иста група, освен доколку не се работи за Европа За Европа е дозволено две репрезентации да бидат во иста група.

Пример, доколку Аргентина е во групата Б, а Уругвај биде извлечен како втор од вториот шешир, Уругвај автоматски ќе биде сместен во наредната слобдна група.

Трет дел од ждребката

3. Шешир

Костарика, Шведска, Тунис, Египет, Сенегал, Иран, Данска, Исланд.

Сега веќе имаме ограничувања за европските селекции, бидејќи станува се покомплицирано.

Четврт дел од ждребата

4. Шешир

Србија, Нигерија, Австралија, Јапанија, Марока, Панама, Јужна Кореја, Саудиска Арабија.

Кога ќе дојде редот на селекциите од четвртиот шешир, се ќе биде помалку или повеќе познато. На Србија која е единствената европска селекција ќе останат три можни опции бидејќи претходните европски селекции веќе бидат распоредени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…