Дома Фудбал ЕСПН тврди: Анчелоти не е повеќе тренер на Баерн

ЕСПН тврди: Анчелоти не е повеќе тренер на Баерн

Додека се очекува одлуката на раководството на Баерн, „ЕСПН“ тврди дека Карло Анчелоти поднел оставка и не е повеќе тренер на баварскиот гигант.

Најеминентниот германски весник „Билд“ објави дека попладнево раководството на Баерн ќе има состанок на кој најверојатно ќе биде донесена одлука за смена на Карло Анчелоти.

Додека се очекува одлуката „ЕСПН“ замина чекор подалеку и тврди дека Италијанецот е веќе бивши и дека во 17 часот ќе биде официјално потврдена неговата смена.

Баерн лошо ја отвори сезоната во Бундес лигата и после шест одиграни кола се наоѓа на 3-то место на табелата, но синоќешниот катастрофален пораз од ПСЖ во ЛШ ја прели чашата и Анчелоти ја загуби поддршката од раководството, но и од своите фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета без попуштање за 16-годишниот Дауман: „Ова не е Дизниленд!“

Макс Дауман ќе го пропушти Ливерпул по исклучувањето против Флитвуд, а Артета порача дека …