Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи ќе побара трансфер од раководството уште во зимскиот преоден рок, пренесуваат медиумите на Островот.
24-годишниот дефанзивец го загуби местото во стартниот тим после поразот од Брајтон. Тогаш Баи беше посочен од страна на Мурињо како главен виновник за поразот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од тогаш Баи остана на клупата во следните три меча, а „Мирор“ тврди дека сигурно ќе побара трансфер во јануари.
Најсилен интерес за него покажуваат лондонските клубови Арсенал и Тотенхем, а Баи е спремен да се пресели во еден од конкурентите.
Сепак, прашање е дали Мурињо ќе му дозволи на Баи да замине, со оглед на фактот дека и онака располага со слаб квалитет во одбраната.
Eric Bailly could be ready to quit Manchester United in January with Arsenal and Tottenham interested. (Source: Daily Mirror) pic.twitter.com/q6offeKjci
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 17, 2018