Дома Трансфер зона Ериксен поласкан од интересот на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед

Ериксен поласкан од интересот на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед

Агентот на Кристиан Ериксен е поласкан од шпекулациите кои го спојуваат неговиот клиент со Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Данскиот репрезентативец игра уште една фантастична сезона во Тотенхем и дефинитивно се етаблираше како еден од најдобрите плејмејкери во Европа.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Не коментирам шпекулации, но кога се споменуваат клубови како Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед или Барселона тоа секогаш е голем комплимент“, изјави Мартин Шотс, агентот на Ериксен.

„За Кристиан се интересираат многу клубови ширум Европа. Прво беа Милан, Челзи и Барселона кои доставија официјални понуди. Нема трансфер период во кој не се споменува неговото име, но Кристиан не е човек кој многу зборува, тој е насочен исклучиво на теренот“, додаде агентот на Данецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува ѕвездата од Бундеслигата

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е на мета на многу клубови ширум Европа. 27-годишниот …