Остана уште едно коло од главната фаза на Европското ракометно првенство во Ракомет што се игра во Хрватска, а Македонија е без шанси за пласман во полуфиналето.
ГРУПА 2
По поразот од селекцијата на Чешка, Македонија е со три поени, исто колку и Словенија, но македонските ракометари се на 5-та позиција поради победата над Словенија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од оваа група сигурен пласман во полуфиналето обезбеди Данска, која што има 6 поени, 2 повеќе од Шпанија, Германија и Чешка.
Токму Данска и Македонија ќе играат во последното коло и обезбедениот пласман на скандинавците во полуфиналето може да и го олесни мечот на Македонија. Постои само една опција како Македонија би играла за петтото и шестото место в петок во Загреб.
Комбинации како Македонија да заврши на третото место во групата:
- Македонија да ја совлада Данска
- Натпреварот Шпанија – Германија да не заврши нерешено
- Словенија да извојува победа над Чешка
Шпанија и Германија во оваа група го играат дербито. Победникот од овој меч сигурно обезбедува пласман во полуфиналето, бидејќи и двете селекции забележаа победа против Чешка. Доколку се со ист број на поени би излегле пред таа селекција. Доколку тој натпревар заврши нерешено, тогаш во полуфиналето ќе се пласира селекцијата на Шпанија која што има подобра гол-разлика.
ГРУПА 1
Во првата група, Франција е речиси сигурно пласирана, а единствен начин да не игра во полуфиналето е да загуби од Хрватска со 9 разлика, а селекцијата на Шведска да слави против Норвешка. Во тој случај селекциите на Франција, Хрватска и Шведска ќе имаат по 8 поени, со што ќе се формира мини-група помеѓу нив.
Доколку Хрватска ја совлада Франција со помалку од 9 разлика, а повеќе од 3, Франција и Хрватска обезбедуваат пласман во полуфиналето. Секоја победа на Хрватска со помалку од 3 разлика, или нерешно и пораз, ги носи Швеѓаните во полуфиналето, но под услов тие да ја совладаат Норвешка. Во последниот меч од оваа група играат Србија и Белорусија, но тој меч единствено ќе одлучи кој ќе го избегне последното место на табелата.
Целосната анализа прочитајте ја на специјализираниот портал kladenje.mk