Aлександар Коларов, капитенот на репрезентацијата на Србија и фудбалер на Рома најверојтно ќе го напушти клубот во летниот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.
Како што се наведува низ медиумите на „Чизмата“, Рома ќе го стави Коларов на трансфер листата поради проблемите со навивачите кои ги има во последно време.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Договорот на Коларов со Рома истекува во 2020 година, но после сите случувања многу веројатно е дека ќе раздели со Рома ова лето.
Српскиот репрезентативец оваа сезона игра малку послабо од претходната, па и тоа му го отежнува продолжувањето на договорот. Како фаворит за негово доведување во овој момент се наведува тимот на Интер.
Тензијата помеѓу навивачите на Рома и играчите оваа сезона е огромна откако екипата беше посрамотена и понижена во Фиренца од Фиорентина со 7:1.
На удар се наоѓа комолетниот тим, но поединци помеѓу кои е и Коларов улрасите ги означија како мети.
https://www.youtube.com/watch?v=VvsnEYYQIVA