Светскиот шампион во бокс, Ентони Џошуа заврши во самоизолација поради страв дека има коронавирус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој имал контакт со принцот Чарлс, на кого му беше константирано присуство на коронавирусот, а токму Џошуа во последно време имал контакт со него.
Џошуа бил во друштво на кралското семејство на Денот на Комонвелтот на 9 март и имал контакт со Чарлс, а со известување излезе и тимот на светскиот шампион.
„Џошуа е дома и ги следи упатствата на владата на Велика Британија. Тој се чувствува добро, здрав е и сака брзо закрепнување за секој што е заразен со коронавируси“, соопштија од тимот на Џошуа.
Џошуа треба да се врати во Лондон на 20 јуни. Планирано е да ги брани шампионските титули против Кубрат Пулев, но оваа борба е под знак прашалник поради пандемијата на коронавирус.