Дома Трансфер зона Емре Чан флертува со „старата дама“

Емре Чан флертува со „старата дама“

Играчот за врска на Ливерпул и германски репрезентативец, Емре Чан јавно проговори за понудата од Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Бјанконерите“ се обидуваа во текот на летото да го донесат Германецот во Торино, но Ливерпул ги одби сите понуди.

Договорот на Емре Чан со „црвените“ истекува на крајот на сезоната, па фудбалерот уште во јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови.

„Чест е да се добие понуда од голем клуб каков што е Јувентус. Јас во моментов сум сконцентриран на Ливерпул, за се друго се грижи мојот агент. Премиер лигата е најдоброто првенство во Европа, но јас сум спремен да пробам и други искуства“, истакна Германецот.

Германските медиуми пренесуваат дека Јувентус е во постојан контакт со неговиот агент, па најверојатно Емре Чан следното лето како слободен агент ќе се пресели во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…