Дома Останати Тенис Емоции и солзи: Федерер и во последниот меч ја покажа класата, Надал не ги задржа солзите 🎥

Емоции и солзи: Федерер и во последниот меч ја покажа класата, Надал не ги задржа солзите 🎥

И покрај тоа што има 41 година Роџер Федерер вчера на последниот меч во кариерата покажа дека класата е вечна и неговата магија со рекетот никогаш нема да го напушти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во мечот во двојки Федерер заедно со Рафаел Надал играше против Тиафо и Сок на „Лајвер Купот“. На моменти во овој меч Швајцарецот потсети на своите најдобри денови.

На крајот на третиот гем Федерер одигра карактеристичен форхенд за него кој на почетокот изгледаше дека нема да ја мине мрежата, но топчето помина низ отворенот помеѓу мрежата и нејзиниот држач.

Eмотивен беше целиот настан, а солзите не можеше да ги задржи и неговиот ривал и пријател Рафаел Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ивановски ќе игра за титула на турнирот во Скопје

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди место во финалето на турнирот во Скопје, отк…