Новиот менаџер на Арсенал, Унаи Емери веќе донесе пет нови засилувања на „Емирати“, но не мисли да застане.
Англиските меидуми пренесуваат дека следна трансфер цел на „топџиите“ е крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Квинсли Коман.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Арсенал е спремен во наредните денови да испрати понуда од 50 милиони евра. Притоа, не е исклучено Коман сам да побара трансфер од раководството бидејќи Баварците и следната година ќе сметаат на ветераните Робен и Рибери.
Коман потпиша нов договор со Баерн во декември минатата година, а потоа пропушти голем дел од сезоната поради повреда.
Сепак, тешко е да се поверува дека германскиот клуб ќе му дозволи на Французинот да замине од Минхен, бидејќи во него гледа идеален наследник на Робен и му ветиле многу поголема минутажа оваа сезона.