Maкедонскиот фудбалер од средината на теренот, Елиф Елмас кој е член на турски Фенербахче би можел и да ја промени средината.
Како што пренесуваат турските медиуми Елмас е мета на три европски гиганти и тоа Манчестер Сити, Севиља и Тотенхем!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во текстот се наведува дека Фенербахче има намера да го задржи Елмас до крајот на сезоната, но не е исклучена можноста да биде продаден и во јануари доколку стигне адекватна понуда.
Елмас е една од ретките светли точки во Фенербахче кој оваа сезона не игра според очекувањата и се наоѓа на 15-тата позиција на табелата.
Како најсеризоен кандидат за Елмас во овој момент се истакнува Тотенхем со оглед на тоа дека Покетино во него гледа замена за Муса Дембеле.
19 годишниот Елмас од своето деби во 2015 година во сениорска конкуренција запиша 65 настапи, а треба да се потсети и дека пред трансферот во Турција се поврзуваше со Манчестер Сити.
https://www.youtube.com/watch?v=Uqo3_ouh2sY