На турскиот гигант Фенербахче не му оди во домашното првенство, но нашиот Елиф Елмас се наоѓа на мета на поголем број европски клубови.
Елмас во последните месеци се поврзуваше со Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, Бенфика, Тотенхем, а последен во низата клубови кои се поврзуваат со македонскиот „бисер“ е италијански Лацио.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Медиумите на „Чизмата“ тврдат дека Лацио би можел да го продаде Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој оваа сезона не е во форма и на негово место да го ангажира Елмас.
Елмас во Фенербахче пристигна минатото лето како слободен играч и потпиша договор до 2022 година во кој има откупна клазула од 23 милиони евра.
https://www.youtube.com/watch?v=v6yJQ5YrLdw