Дома Фудбал Лига на шампиони „Елиминацијата на Баерн е болна за германскиот фудбал“

„Елиминацијата на Баерн е болна за германскиот фудбал“

Елиминацијата на Баерн Минхен од Лигата на шампионите од Виљареал секако е вест број еден во германските медиуми и ретко кој може да поверува дека Баерн остана без полуфинале.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Баварскиот тим одигра еден слаб натпревар. Виљареал трпеливо ја чекаше својата шанса и постигна гол за 1:1 во финишот, па така благодарение на победата во првиот дуел „жолтата подморница“ се пласираше во следната фаза.

По елиминацијата Баерн добива критики, а еден од критичарите беше и легендарниот Лотар Матеус.

„Виљареал не е тим од кој треба да испаднете. Елиминацијата на Баерн е болна за германскиот фудбал, но екипата не покажува ништо во последно време и можеби овој резултат и не е толкаво изненадување. Играта на Баерн е безидејна и без некое решение“.

Матеус тврди дека атмосферата во клубот не е баш најдобра.

„Атмосферата не е добра. Не зборувам само за фудбалот, многу работи се случуваат. Проблемите со Левандовски и неговиот договор се само нешто дополнително. Од поодамна не сум видел вака уморен Баерн“, истакна Матеус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Срамно, скандалозно и кукавички: Се појави снимка како Мбапе удира ривал од зад грб во глава! (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид, сосема очекувано, оствариле победа од 3:0 против Шалке. Како П…