После разочарувачката сезона во редовите на Манчестер Јунајтед се најавува „чистка“ и се очекува Ерик Тен Хаг да почне да формира тим по негова желба.
Заминувањет од „Олд Трафорд“ веќе го потврдија Хуан Мата и Немања Матиќ, додека не е јасна и иднината на Погба на кого му истекува договорот, според последните информации Французинот е поблиску до заминување отколку до останување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Веќе се најавуваат и низа звучни засилување со кои Тен Хаг би можел да ја практикува својата игра од Ајакс во последните четири сезони. Започна да се шпекулира и за иднината на Кристијано Роналдо, посебно откако Манчестер Јунајтед остана без Лигата на шампионите, натпреварување кое низ годините стана заштитен знак на Португалецот.
Сега реномираниот „Телеграф“ пренесува ексклузива во која тврди дека Тен Хаг донел одлука за иднината на Роналдо.
„Новиот тренер смета дека дека би била целосна лудост да не се задржи Роналдо кој има уште една година од договорот“, наведува „Телеграф“.
Иако има 37 години Роналдо и оваа сезона беше најдобар играч на Јунајтед со 24 гола и три асистенции. Договорот на Роналдо со Манчестер Јунајтед има важност до летото 2023 година.
Exclusive: Erik ten Hag to tell Cristiano Ronaldo he wants him to stay at Manchester United | @JBurtTelegraphhttps://t.co/ExeHEYzBk7
— Telegraph Football (@TeleFootball) May 6, 2022