Според пишувањата на бразилските медиуми, синот на легендарниот Роналдињо наскоро би можел да тргне по стапките на својот татко.
Момчето има само 13 години и моментално е член на една фудбалска академија во Бразил, но постои реална шанса за многу брзо да се пресели во Европа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За талентираниот Жао Мореира интерес покажуваат ПСЖ и Евертон, но неговите настапи ги следат уште неколку европски клубови.
Интересно е дека Жао веќе тренираше со младите категории на ПСЖ, клуб каде во минатото настапуваше неговиот татко.
Доколку Жао наследил барем половина од талентот на својот татко, нема сомнеж дека ќе направи блескава кариера. Но, сега е само на почеток и може набрзо да го гледаме во Европа.