Дома Останати Ракомет Европа ќе добие нов шампион: ЕХФ го исфрли Вардар без борба!

Европа ќе добие нов шампион: ЕХФ го исфрли Вардар без борба!

Извршниот одбор на ЕХФ на денешниот состанок кој како и сите состаноци во овој период се одржа преку видео-конференција одлучи да го елиминира Вардар од нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Поради ситуацијата со коронавирусот ЕХФ не најде начин како да се одиграат сите натпревари, па затоа се одлучи на Ф4 турнирот во Келн да учествуваат првите две екипи од А и Б групите, тоа се Кил, Веспрем, Барселона и Пари Сен Жермен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Така сега е јасно дека Европа ќе добие нов владател и Вардар ќе ја препушту тронот. Инаку ќе потсетиме во четвртфиналето црвено-црните требаше да играат против ПИК Сегед.

Оваа одлука исто така значи дека сезоната за Вардар е завршена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…