Дома Фудбал Италија Евра објасни зошто си замина од Јувентус

Евра објасни зошто си замина од Јувентус

Францускиот лев бек, Патрис Евра оваа зима го напушти Јувентус и се врати во својата татковина каде потпиша за Олимпик Марсеј до јуни 2018 година.

Многумина беа изненадени од одлуката на Евра да го напушти италијаскиот шампион, па сега Французинот ги откри причините за таквиот потег.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Воопшто не беше лесна одлука. Ни јас не очекував дека ќе донесам ваква одлука. Се вратив од Европското првенство возбуден со многу ентузијазам. Кога почна сезоната не играв на првиот натпревар, вториот, третиот. Бев тивок, го прашав Алегри, а тој ми рече дека ќе играм“.

„После празниците не се чувствува среќен. Сакав да бидам искрен према самиот себе и да заминам, подобро отколку да тренирам со пола срце. Го почитувам Јувентус поради се што ми пружи, но раководството ги разбра причините поради кои донесов ваква одлука“, објасни Евра.

Евра има 35 години, во Јувентус дојде од Манчестер Јунајтед каде помина најголем дел од својата кариера и доживеа фудбалска афирмација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти и Реал воодушевени: Ѓулер има неверојатна статистика

Турскиот фудбалер, Арда Ѓулер долго време чекаше вистинска шанса во Реал, но во завршницат…