Дома Фудбал Останато Евра во стилот на Кантона: Нога во глава и тоа кон своите навивачи, следува ли продолжение на инцидентот? (Видео)

Евра во стилот на Кантона: Нога во глава и тоа кон своите навивачи, следува ли продолжение на инцидентот? (Видео)

Во Манчестер го обожаваа, но Патрис Евра и Марсеј никако „да кликнат“.

А по вечерашниот инцидент на гостувањето кај Виторија Гимараеш тешко дека нивните односи ќе се поправат. Искусниот француски бек имено, себе си дозволи во стилот на легендарниот Кантона, со карате удар да влета на трибините.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Попрецизно, влета во просторот за рекламни паноа кај головите, но тоа ниту малку не ја менува ситуацијата дека Евра се насочи директно кај навивачите.

Но, ако Кантона ги таргетираше навивачите на Кристал Палас, Евра постапи лудо и се залета кон своите навивачи.

Се закрчка уште пред почетокот, го навредуваа навивачите на загревањето, цел Олимпик тим влезе во расправа, но Евра не можеше да се контролира. Со нога в глава. Неверојатно!

Секако, судијата веднаш го исклучи, а не се сомневаме дека оваа приказна ќе има свое продолжение и откако се изгасат камерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…