Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, 36-годишниот Лионел Меси по осми пат во кариерата ја освои Златната топка за најдобар играч на годината што ја доделува францускиот магазин Франс Фудбал.
Меси ја освои оваа награда благодарение на неговата клучна улога на патот на Аргентина до освојување на светската титула на крајот на минатата година во Катар.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Се додека можам да продолжам да играм, ќе играм, тоа е она што го сакам. Не можам да кажам датум за повлекување, само играм и уживам.
Ерлинг и Килијан? Тие се две конкурентни ѕверови. Добро го познавам Килијан, а во Ерлинг треба да се види како ги прославува головите. Очекувам тие двајца во иднина да се борат за оваа награда. Тие тоа го заслужија“.