Дома Трансфер зона Еве кој вчера се тркаше со времето: Два трансфери во Премиер лигата беа завршени во последните минути!

Еве кој вчера се тркаше со времето: Два трансфери во Премиер лигата беа завршени во последните минути!

Mичу Батчуаи буквално во последните моменти од преодниот рок го комплетираше трансфер во Премиер лигата.

Непосакуваниот напаѓач во Челзи кој вчера и официјално го раскина договорот за позајмица со Валенсија беше мета на Монако, но трансферот пропадна. Се пишуваше дека бил понуден на Тотенхем, но Покетино не бил убеден во неговите квалитети.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Како и да е Белгиецот остана во Лондон и ќе го носи дресот на Кристал Палас!

Батчуаи секако претставува големо засилување за тимот од Селхуст Парк.

На позајмицата во Валенсија Батчауи одигра 15 натпревари и постигна само еден погодок.

Во последните моменти од трансфер периодот се случи и уште еден трансфер. Србинот Лазар Марковиќ потпиша за Фулам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…