Дома Фудбал Еве колку ќе заработува Мбапе во Реал

Еве колку ќе заработува Мбапе во Реал

Kилијан Мбапе е новиот играч на Реал Мадрид! Она што со денови се најавуваше, а со месеци е сигурно, сега е и официјално потврдено.

Клубот од Мадрид на својата официјална веб-страница потврди дека француската суперѕвезда пристигна како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во медиумите веднаш се појави информација за тоа колку Французинот ќе заработи во Реал. Тој потпиша договор на пет години, а годишно ќе заработува 15 милиони евра. Дополнително, тој доби и 100 милиони евра бонус кој ќе му биде исплатен во текот на годините на договорот, односно 20 милиони евра годишно.

Покрај сето тоа, тој има и 80% сопственост на своите „права за име“ од кои се очекува да заработува исто така околу 15 милиони евра годишно. Кога се ќе се собере, се доаѓа до бројка од 50 милиони евра годишна заработка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …