Македонија со синоќешната драматична победа против Фарски Острови обезбеди пласман на Светското првенство.
Ждрепката за Мундијалот ќе се одржи во Загреб на 29 мај во 17:30 часот, а организаторите допрва треба да ги потврдат и селекциите што ќе бидат „домаќини“ во групите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Три од четири селекции од групата ќе се пласираат во главната групна фаза.
Според хрватските медиуми Македонија веројатно ќе се најде во третиот шешир пред ждрепката.
Шешир 1: Данска, Франција, Шведска, Германија, Египет, Унгарија, Словенија, Португалија
Шешир 2: Норвешка, Хрватска, Австрија, Исланд, Холандија, Шпанија, Италија, Чешка,
Шешир 3: Македонија, Катар, Бразил, Аргентина, Јапонија, Алжир, Куба, Полска
Шешир 4: Бахреин, Тунис, Чиле, Кувајт, Зеленортски Острови, Гвинеја, САД, вајлд-карта
Мундијалот ќе се игра во Осло, Хернинг, Загреб, Пореч и Вараждин од 14 до 2 февруари.