Менаџерот на Евертон, Сем Алардајс потврди дека клубот води преговори со Арсенал за трансфер на англискиот репрезентативец, Тео Волкот.
28-годишниот крилен напаѓач оваа сезона ретко добива шанса во првиот тим на „топџиите“, па реши да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Волкот цели 12 години е на „Емирати“, но најверојатно во јануарскиот преоден рок ќе се радели со „топџиите“.
„Сите знаете за нашиот интерес за Тео Волкот. Преговорите се во тек и доколку успееме да го донесеме ќе биде фантастично. Не станува збор за позајмица, туку за перманентен трансфер“, потврди Алардајс.
Sam Allardyce: “You are all aware of our interest in Theo. We’ll be delighted to get it over the line. Negotiations are ongoing. He would be a great addition.” (Source: @_ChrisBascombe) pic.twitter.com/m0fklio0b0
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 12, 2018