Дома Трансфер зона Евертон испрати понуда за бекот на Реал Мадрид

Евертон испрати понуда за бекот на Реал Мадрид

Евертон е на пол-позиција за дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Регилон, за кого нуди 20 милиони евра.

Неколку други клубови го сакаат Шпанецот, кој е примарна цел на Карло Анчелоти за левата бековска позиција, откако Лејтон Бејнс ја заврши кариерата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Регилон беше прогласен за најдобар на својата позиција во Ла Лига за оваа сезона, откако блесна во дресот на Севиља, каде беше на позајмица.

Се верува дека Реал Мадрид ќе се согласи да го продаде 23-годишниот играч, бидејќи на клубот му се потребни средства, а Зинедин Зидан има доволно квалитет во левата одбранбена зона, каде се и Ферлан Менди и Марсело.

Кај „карамелите“, Лукас Дињ е прв избор на позицијата, но со евентуално доаѓање на Регилон, опциите за Анчелоти ќе станат многу подобри и затоа тој силно го сака играчот на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Италијанските гиганти го сакаат дефанзивецот на Челзи

Рома и Наполи се силно заинтересирана за младиот дефанзивец на Челзи, Тревор Чалоба, прене…