Дома Кошарка Дурант се откажува од 31.5 милион долари и станува слободен играч

Дурант се откажува од 31.5 милион долари и станува слободен играч

Двократниот НБА шампион и еден од најдобрите кошаркари во светот ова лето ќе стане слободен играч.

Како што пишува „ЕСПН“, а пренесуваат сите американски медиуми, Дурант ја одбил клазулата во договорот со што ќе се откаже од 31.5 милион евра и ќе стане слободен играч.

Ќе потсетиме, Дурант сезоната ја заврши нешто порано. Во полуфиналето на Западот се повреди и се врати во петтиот натпревар од финалето, а потоа заработи уште потешка повреда.

„ЕСПН“ дознава дека Дурант и неговиот менаџер, Рич Клеман во овој момент се во Њујорк каде што ги разгледуваат опциите кои ги има на располагање. Деталите засега не се познати, а досега се споменуваа повеќе дестинации.

Како клубови со најголеми шанси да го доведат наводно се Њујорк Никси, Бруклин и Нетс и ЛА Клиперси.

Очекувањата се клубот кој ќе го доведе да му даде максимален договор тежок 164 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Мега во нов кошаркарски проект: АТЛАС спојува 11 екипи од два континента

Младинците на Мега ќе играат во новата меѓународна лига АТЛАС, чиј календар води од Флорид…